ПЕ103З/18: Развојна психологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д-р Ана Фрицханд
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаења за научните достигања од областа на психологијата на развитокот во различни возрасни периоди и да развијат способности за нивна практична примена преку програми за стимулирање на развојот.
Содржина на предметната програма:
Развојната психологија како научна дисциплина; Поим и теории на развитокот; Преднатален развој; Новороденче и доенче; Психологија на предучилишната возраст; Ран училишен период; Предадолесценција и адолесценција; Рана и средна возрасна доба; Трета и четврта возрасна доба.
Литература:
- Фрицханд, Ана, Развојна психологија, во подготовка