д–р Марјан Јованов
Биографија Марјан Јованов е роден на 12. 08.1967 година во Штип, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал 1991 год. на Филозофскиот факултет во Скопје, на Институтот за историја на уметноста и археологија. Со научниот степен Магистер по археологија се стекнува во 2001 година, а со научниот степен Доктор по археологија во 2009 год. , на Универзитетот Св.Кирил и Методиј. Во 1995 год. е вработен како помлад асистент, од 2001 д0 2009 работи како асистент, а во 2009 год. e избран во доцент на Институтот за историја на уметноста и археологија при филозофскиот факултет во Скопје. Во 2014 год. е избран во вонреден професор, а во 2019 год. за редовен професор на наведениот институт. Во периодот од 2014 до 2021 год. е раководител на Институтот за историја на уметноста и археологија. Учесник е во голем број повеќегодишни домашни и меѓународни научни проекти, од кои ги издвојувам: Лихнидос во раната антика, Раноантичкиот град на Вардарски Рид, Скопска тврдина Кале, Археолошки истражувања на островот Голем Град, Археолошки истражувања на Исар- Марвинци, Антички театар Скупи, Енциклопедија на Македонија, Accessible and digitalized Cultural Heritage for Persons with disabilities и други. Раководител и кораководител е на поголен број домашни научни проекти и археолошки истаржувања: Археолошки истражувања во Пијанец, Археолошки ископувања на локалитетот грамади кај с.Корешница, Истражувања на локалитетите Црвено Поле и Бело Гробје на планината Огражден, Истражувања на лок. Градиште, с. Младо Нагоричане, Лок.Бразда кај Скопје, Лок.Чаир Рид кај с. Тремник, Истражување на палатата во Вилазора, Некрополите на Вилазора и други. Учествувал со свои излагања на преку 40 домашни и меѓународни научни собири, симпозиуми и конференции, а одржал предавања од областа на античката археологија и на Универзитетите во Оксфорд, Љубљана, Копар, Загреб и Сараево. Во 1999- 2000 год. престојува на специјализација на Институтот за класична археологија во Виена. Од 1994 год. е член на Македонското археолошко друштво, а во периодот од 2012 до 2016 е негов претседател. Во периодот од 2013 до 2016 година е претседател на управниот одбор на археолошкиот музеј на Македонија. Се служи со англиски и германски јазик. Истражувачки интереси: Античка археологија и уметност, античка тореутика, погребни форми и обичаи во антиката. Од вработувањето до денес е вклучен во наставата по предметите: Прв циклус : Класична археологија 1 и 2, Историја на уметноста на стариот век, Античка уметност, Античка уметност во Македонија и Раноантичка археологија на Балканот. Втор циклус: Полеогенеза во антиката во Македонија, Античка фунерарна археологија, Религија и уметност во антиката и Античка тореутика. Трет циклус: Раноантичка материјална култура, Цивилизациски дострели на македонскиот културен круг во антиката, Културата на Пајонските и Македонските заедници. Избор од библиографијата: Орлови Чуки, тумул 3, Macedoniae Acta archaeologicae 14, Skopje 1995. Античка бронза во Македонија (магистерски труд), Скопје 2001. Нови согледувања за патниот правец Стоби-Пауталиа, Македонско наследство, Скопје 2002. Бронзени садови од Вардарски рид, Вардарски рид 1, Скопје 2005. Крајот на животот на Вардарски рид, Вардарски рид 1, скопје 2005. Burials under tumuli during roman period in the Vallay of river Bregalnica, Spartakus 2, Veliko Trnovo 2006. Римска кола од Делчево, Folia archaeologica Balkanica 1, Скопје 2006. Чукарка, Скопје 2006. Црвено Поле, населба и некропола од римскиот царски период, зборник на трудови на завод и музеј Струмица, 2007. Graves with round stone wreaths from the roman imperial period in eastern Makedonia, Аcta Тerrae Septemcastrensis VI, Sibiu 2007. The problem of the discontinuity in Classical and Hellenistic Eastern Macedonia, Macedonian Historical Raview 1, skopje 2010. Погребување во антиката помеѓу Вардар и Струма, (докторска дисертација), Скопје 2009. Оружјето од Голем Град, Голем Град 1, скопје 2015. Технолошки постапки при обработката на бронзата во антиката, Историја LIV, Скопје 2019. Archaeological evidens for education in Ancient Macedonia, skopje 2022. Бронзени котлиња од Македонија од раната антика, Жива Антика 72, Скопје 2022. Пајонските градови преку новите археолошки откритија, Пајонија и пајонците, извори, историја, култура, Скопје 2022. The roman temple—heroon from Barovo , Demir Kapija, Studia Universitatits hereditati 10, Koper 2022.