д–р Никола Минов

Вонреден професор

Проф. д-р Никола Минов е роден на 8 септември 1979 година во Скопје, каде што завршил основно, средно и високо образование. Дипломирал на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. На матичниот факултет, во февруари 2011 година, ја одбранил магистерската теза „Романската пропаганда во Македонија и ароманското прашање 1860-1903“. Во мај 2015 година докторирал на темата „Бугарската пропаганда во Македонија и Големите сили 1878-1913“

На Филозофскиот факултет се вработил во 2011 година, како помлад асистент по предметите од областа на нововековната светска историја. Во 2014 година е избран за асистент, од 2015 година е доцент, а од 2020 – вонреден професор.

Учествувал на меѓународни научни конференции на Универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Сапиенца во Рим, на Универзитетот во Варшава и на неколку други меѓународни конференции во Турција, Црна Гора и Македонија. Одржал предавања на Универзитетот Адам Мицкиевич во Познањ и на Универзитетот во Загреб. Остварил студиски престој во Австриската академија за науки. Учествувал на два меѓународни проекти. Бил член на редакцијата на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет и на списанието Историја.

Го зборува англискиот јазик; пасивно се служи со италијански и романски јазик.

Истражувачки интереси: историја на Македонија во 19 и почетокот на 20 век; општа историја на Новиот век; историја на влашкиот народ на Балканот.

Проф. д–р Никола Минов изведува настава и вежби по предметите на првиот циклус студии:

На вториот циклус студии:
  • 1

    [И801З/18] Методологија

  • 2

    [И108-З/18] Europe in the Modern Age

  • 3

    [И171-И/18] Културна историја на Европа

  • 4

    [И172-И/18] European Colonialism

  • 5

    [И173-И/18] Economic history of Modern Europe

  • 6

    [И271-И/18] Идеи и идеологии во Новиот век

  • 7

    [И253-И/18] „Источното прашање“

  • 8

    [И272-И/18] History of diplomacy in Modern Europe

  • 9

    [У245И/18] Нововековна историја на Европа


Библиографија

Бугарската пропаганда во османлиска Македонија и Големите Сили од Берлинскиот
Конгрес до Балканските војни, Мар-Саж Ташко ДООЕЛ, Скопје, 2024 (монографија).

Cursed in Heaven: the Colonization of the Aromanians in Southern Dobruja, In: Borders,
Boundaries and Belonging in Post-Ottoman Space in the Interwar Period (eds. Ebru Boyar
and Kate Fleet), Brill, Leiden-Boston, 2023, pp. 53-83 (поглавје во книга).

Enhancing Employment Opportunities for Persons With Disabilities: The Importance of
Inclusive Strategies and Innovative Tools, In: 6. Меѓународна научна конференција 30
години Специјална едукација и рехабилитација. Зборник на трудови, ур. Р. Петров, З.
Јачова, Д. Димитрова-Радојичиќ, 2023, pp. 566-582 (ко-автор).

Кафето и кафеаните во османлиска Македонија, In: Историја/ Journal of History, год.
LVII, бр. 2, Скопје, 2022, pp. 123-168.

Universal Design and Cultural Heritage, In: Studia Universitatis Hereditati. Znanstvena
revija za raziskave in teorijo kulturne dediščine, vol. 10/2 (2022), pp. 27-33 (ко-автор).

Бугарската пропаганда во османлиска Македонија согледана преку учебниците по
историја, географија и мајчин јазик, In: III годишна школа за византиско и османлиско
културно-историско наследство, ур. Митко Б. Панов, Институт Балкан про Европа,
Скопје 2022, с. 173-194.

Football in Ottoman Macedonia, In: Историја/Journal of History, год. LVI, бр. 1-2, Скопје
2021, pp. 201-232 (ко-автор).

Балканските пропаганди во османлиска Македонија, In: Прилози за историјата на
Македонија и македонската култура, ур. Катица Ќулавкова, МАНУ, Скопје 2021, pp.
193-218.

The Vlachs in Macedonia in th 19 th  and 20 th  Centuries, In: Balcanica Posnaniensia. Acta et
Studia. vol. 28/1 (2021), pp. 221-233.

Accessible and Digitalized Cultural Heritage for Persons With Disabilities, In: International
Antalya Scientific Research and Innovative Studies Congress, 18-21 December 2021,
Proceeding Book, eds. A. Jakimovski, E. Rizova, pp. 54-67 (ко-автор).

Charilaos Trikoupis and the Reformation of Greece, In: Along Clio’s Ways… Topical
Problems of Modern Historical Science, Nr. 3/2020, pp. 35-51 (ко-автор).

Убиството на Гоце Делчев во странскиот печат од мај-јуни 1903 г., In:
Историја/Journal of History, год. LIV, бр. 2, Скопје 2019, pp. 53-94.

FAST: the methodological framework, University of Ss. Cyril and Methodius, Vilnius
University, University of Aveiro, European Training Center Copenhagen, Skopje 2019
(монографија, ко-автор).

Битка за жртвите – Прилог кон прашањето за одгласот на Илинденското востание
во странскиот печат, In: Историја/Journal of History, год. LIV, бр. 1, Скопје 2019, pp.
27-53.

„Романските“ чети на Македонската револуционерна организација 1906-1908, In:
Историја/Journal of History, год. LIII, бр. 2, Скопје 2018, pp. 21-57.

The Vlachs and the Balkan wars 1912-1913 (Ulahlar ve Balkan savaşlari 1912-1913), In: XI
Balkan tarihi kongresi “Balkanlar: savaş ve bariş”, Samsun 2018, pp. 31-39.

Ionnis Kolettis. The Vlach from the ruling elite of Greece, In: Balcanica Posnaniensia, Acta
et Studia, XXIV, Poznan 2017, pp. 221-239 (ко-автор).

Гимназиите во османлиска Македонија, 70 години Институт за историја – 70 години
македонска историографија, Зборник на трудови од научната конференција одржана на
13 и 14 декември 2016 година во Скопје, УКИМ/ФЗФ, Скопје 2017, pp. 305-345.

Titsi shi cum eara internats Armãnjli di Crushuva tu chirolu a Protlui polim mundial, 100 di
anj di proclamarea a Printsipatlui armãnescu Pindu shi 100 di anj di deportarea a Armãnjlor,
Materiali di Simpoziumlu internatsional tsãnut pi 13.05.2017 Scopia, Scopia 2017, pp. 111-
125.

Autonomia a Pindului vidzutã pit documentili ofitsiali (Ciarshar-Yizmãciunj 1917), 100 di anj
di proclamarea a Printsipatlui armãnescu Pindu shi 100 di anj di deportarea a Armãnjlor,
Materiali di Simpoziumlu internatsional tsãnut pi 13.05.2017 Scopia, Scopia 2017, pp. 25-41
(ко-автор).

Хипокритски кон Хипократ, In: Годишен Зборник на Филозофски факултет, кн. 69,
Скопје, 2016, pp. 155-171.
100 anj di deportarea a Armãnjlor (1916-2016), Comunã a Armãnjlor “Frats Manakia” –
Bituli, Bituli 2016 (монографија, ко-автор).

Востанијата во Македонија, Филозофски факултет-Скопје, Скопје 2015 (монографија,
ко-автор).

Obrazovanje hrišćana u Makedoniji krajem 19. i početkom 20. vijeka, Almanah 61-62,
Časopis za proučavanje, prezentaciju i zaštitu kulturno-istorijske baštine
Bošnjaka/Muslimana, 100 godina od odlaska Osmanlija sa Balkana, Civilizacija ili okupacija
– Šta su nam ostavili? Knjiga III, Podgorica 2014, pp. 189-200.

Влашкото прашање и романската пропаганда во Македонија (1860-1903), Арс Либрис,
Скопје 2013, p.482 (монографија).

Астериос Кукудис, Студии за Власите, Власите – метрополи и дијаспора (Превод,
предговор и коментари: Никола Минов), Скопје 2013.

Власите и Балканските војни, 100 години од Балканските војни, Прилози од научниот
собир одржан на 3-4 декември 2012 година, МАНУ, Скопје 2013, pp. 463-478.

The war of numbers and its first victim: The Aromanians in Macedonia (end of 19 th -Beginning
of 20 th  century), Macedonian Historical Review, vol. 3, University of SS. Cyril and
Methodius, Faculty of Philosophy, Department of History, Skopje 2012, pp. 153-192.

Aromanians in Macedonia and their alter egos: the past and the present, The politics of
culture, Perspectives of stateless nationalities/ethnic groups, Edited by Ewa Nowicka, Warsaw
University Press, Warszawa 2012, pp. 57-64.

The Aromanians and IMRO, Macedonian Historical Review, vol. 2, University of SS. Cyril
and Methodius, Faculty of Philosophy, Department of History, Skopje 2011, pp. 181-200.
Изгубената Влахија, Гласник на Институтот за национална историја, год. 55, бр. 1-2,
ИНИ, Скопје 2011, pp. 81-95.

Еден необјавен документ за ароманските цркви во Битолскиот вилает, Документи,
год. VII, 3(27), Септември-Декември 2010, Влашко научно друштво „Константин
Белемаче“, Скопје 2010, pp. 1-20.

Ароманците и Кресненското востание, Документи, год. VII, 2(26), Мај-Август 2010,
Влашко научно друштво „Константин Белемаче“, Скопје 2010, pp. 1-12.

Борбата на Ароманците од Македонија за сопствени училишта и цркви согледана
преку дејноста на семејството Машу од Велес, Документи, год. VII, 1(25), Јануари-
Април 2010, Влашко научно друштво „Константин Белемаче“, Скопје 2010, pp. 1-14.