ТРЕТ ЦИКЛУС-Заверка на зимскиот семестар, пријавување на испити во зимска испитна сесија 2024, запишување летен семестар
I. ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
Заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите во зимскиот испитен рок за студентите на трет циклус на студии ќе се реализира во периодот од 9.1.2024 до 12.1.2024 година со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за заверување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
– Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за секој испит поединечно;
– Уплата на преостанат дел од ратата за семестарот
II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
Зимскиот испитен рок е од 16.1.2024 до 7.2.2024 година.
III. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
Запишувањето на летниот семестар ќе се реализира во периодот од 8.2.2024 до 13.2.2024 година, со следниве документи:
- Индекс;
- Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 денари за административна такса;
- Уплата за „Активности на Факултетско студентско собрание (по семестар)“ на општа уплатница ПП50 со следниве податоци:
– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма: 41; повикување на број/задолжување: 723019-1118; износ: 100,00 денари.
- Уплата на рата за запишување на семестарот согласно склучениот договор, на сметката на Филозофскиот факултет на општа уплатница ПП 50 со следниве податоци:
– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723011 и програма: 41;
– од страната на налогодовач задолжително во повикување на број – задолжување да се внесе бројот на студиската програма за:
ФИЛОЗОФИЈА 723011-01
ПЕДАГОГИЈА 723011-02
ИСТОРИЈА 723011-03
ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА 723011-04
СОЦИОЛОГИЈА 723011-05
ПСИХОЛОГИЈА 723011-06
БЕЗБЕДНОСТ, ОДБРАНА И МИР 723011-07
СОЦИЈАЛНА РАБОТА, СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 723011-08
КЛАСИЧНА ФИЛОЛОГИЈА 723011-09
MEЃУНАРОДНИ ОДНОСИ 723011-10
ДЕФЕКТОЛОГИЈА 723011-13
Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на уплата.
Студентот при заверувањето на семестарот, односно најдоцна со запишувањето на наредниот семестар доколку ги има реализирано активностите од тековниот семестар поврзани со пријавувањето и изработката на докторската дисертација потребно е да достави извештај и тоа:
v извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 14 ЕКТС од II семестар,
v извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и валоризација на 27 ЕКТС од III семестар
v извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 20 ЕКТС од IV семестар и
v извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 27 ЕКТС од V семестар.
Валоризација на кредитите поврзани со пријавување и подготовка на докторската дисертација ја прави менторот, кој е потребно да се потпише во индексот и на поднесениот извештај од студентот.
Од Деканатот
на Филозофскиот факултет