д–р Бранко Панов
Неговиот животен пат започнува во Струмица на 22 март 1932 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Раскрилувањето на неговите квалитети доаќа до израз во текот на студиите на групата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1951-1955), на која во 1955 година дипломирал со одличен успех. Работната кариера ја започнува како архивист во Историскиот музеј на Македонија. Неговата универзитетска дејност започнува во 1956 година, кога бил избран за асистент по предметот Општа историја на средниот век. Докторирал на 25 мај 1965 година на тема: „Теофолак Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ“. Во следната 1966 година бил избран за доцент, пет години подоцна бил унапреден во вонреден професор. Во јуни 1976 година бил избран за редовен професор. Два пати беше реизбран во ова највисоко универзитетско звање (1982, 1988), а во тоа звање и се пензионираше во 1997 година. Во својата научна кариера професорот Панов развил интезивна аучна-истражувачка дејност. Истражувал во бројни архиви и билиотеки во земјава и странство. Учествувал на бројни републички, меѓународни конгреси, симпозиуми, научни средби и семинари со свои реферати и дискусии. Публикувал над 120 научни трудови, првенствено од областа на македонската медиевалистика и византиологија. Се стекнал со значајни признанија од научната свера како: „13 ноември“ (1972), „Гоце Делчев“ (1986). Професорот Бранко Панов спаќа во редот на познатите македонски научници и педагози.