д–р Даринка Пачемска Петреска
Проф. д-р Даринка Г. Пачемска Петреска е роденана 3 ноември 1946 година во Берово. Гимназија завршила во Струмица. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за историја во 1970 година. Магистрирала на истиот факултет во 1976 година. Во академската 1997/98 година била на студиски престој во Париз, Франција. Во 1987 година докториррала на Филозофскиот факултет во Скопјје и се стекнала со научен степен доктор на историски науки. По дипломирањето на 1970 година се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје, каде ги поминала сите соработнички и наставнички звања: асистент, предавач, доцент, вонреден професор и од 1998 година редовен професор на Институтот за историја.Била раководител на Институтот за историја од 1999 до 2001 годинаи од 2001 година била ракоцодител на последипломски студии. Била главен и одговорен уредникк на списанитето Историја (1996-2000). Била ментор на на дипломски работи, магистерски и докторски дисертации. Учествувала на научни и стручни собири во земјата и странство. Има објавено поголем број на научни трудови од новата и најновата историја на македонскиот народ и методиката на наставата по историја. На 25 февруари 2012 година надејната смрт ја затекна на позицијата редовен професор на Филозофскиот факултет.