Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Филозофски факултет
Институт за социјална работа и социјална политика
ПОКАНА
на
Еразмус предавање на тема:
Професионализација на социјалната работа во Германија
Проф. д-р Ана Кастен, Универзитет за применети науки Ернст Абе, Јена
Термин:
20.05.2025 во 17.00 часот
Локација:
Амфитеатар 4 (прв спрат), Филозофски факултет, Бул. Гоце Делчев 9а, Скопје
Информации за предавачот: Проф. Ана Кастен работи како професор по социјална работа со фокус на родот и различноста на Универзитетот за применети науки „Ернст Абе“ во Јена. Своето професионално искуство го има стекнато во областа на бездомништвото и феминистичката социјална работа. Во нејзината докторска теза, проф. Кастен го испитувала правното толкување на самохраното мајчинство во Германија и Полска. Покрај феминизмот во професионални контексти, макро социјалната работа со фокус на социјалните организации и погубните политики против ранливите групи во Полска, моментално работи на непрофесионална помош за бегалци во Германија и Полска. Служи во одборот на Тирингиската мрежа против дискриминација. Исто така, моментално ја врши позицијата заменик-претседател на Независната регионална комисија за истражување на сексуализирано насилство во Централна Германија.
Забелешка: Предавањето ќе се одржи на англиски јазик.
Потврдете го Вашето присуство на емаил адресата: frosina.arsovska@fzf.ukim.edu.mk