Ф303З/18: Онтологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаIII4+26

Наставник: д–р Марија Тодоровска

Цели на предметната програма:

Студентите да ги стекнат неопходните основни знаења за онтологијата како една од фундаменталните филозофски дисциплини, да ги продлабочат и развијат систематските познавања на онтолошките категории и принципи; да го поттикнуваат и развиваат систематското аналитичко-синтетичко размислување за природата и целината за светот; како и да се оспособат за интердисциплинарни пристапи кон прашањата за потеклото и природата на постоењето.

Содржина на предметната програма:

Определување на онтологијата (предметот на онтологијата како основна филозофска дисциплина; метафизика – предмет и проблеми; филозофија на природата – историски развој и значење; онтологијата и другите филозофски дисциплини). Основни онтолошки категории: битие и суштество (основни пристапи кон поимањето на битието, односот битие-суштество; видови суштества); природа и свет; егзистенција и есенција (примарност, видови на пристапи, преглед на егзистенцијалистички и есенцијалистички учења). Можност и стварност; објективноста и реалноста на светот (различни филозофски и интердисциплинарни позиции); својство и однос (краток преглед на атрибутивистички и релационистички стојалишта); простор и време (развој на идеите за просторот и местото, како и за природата на времето). Природата на светот (материјалноста и идеалноста на светот); проблемот на детерминизмот. Класификација на универзалните закони; ставови за универзалната законитост; структурираноста на светот; идеи за промената и развојноста на светот.

Литература:

1. Ѓошевски, Мирко, Онтологија – прилог кон системот на првата филозофија, Аз-Буки, Скопје, 2012.

2. Јаspers, Karl, Filozofija egzistencije. Uvod u filozofiju, Prosveta, Beograd, 1967.

3. Митевски, Витомир, Почетоци на западната философија: претсократовци,Матица македонска, Скопје, 2006.

4. Jaspers, Karl, Way to Wisdom – An Introduction to Philosophy, transl. Ralph Manheim, Yale University Press, 2003.

5. Лајбниц, Готфрид Вилхелм / Leibniz, Gottfried Wilhelm, Расправа за метафизиката; Монадологија / The Discourse on Metaphysics; Monadology, Магор, Скопје / Any suitable edition, 2002.

6. Беркли, Џорџ / Berkeley, George, Расправа за принципите на човечкото познание / A Treatise Concerning the Principles of Human Knowledge, Зумпрес, Скопје / Any suitable edition, 2007.

7. Лок, Џон / Locke, John, Оглед за човековиот разум / An Essay Concerning Human Understanding, Аз-Буки, Скопје / Any suitable edition, 2004.