ПЕ811И/18: Социјална педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVIII2+14

Наставник: д–р Сузана Миовска – Спасева

Цели на предметната програма:

Стекнување научни и продлабочени сознанија за воспитната средина и нејзиното влијание врз лица и групи и оспособување за нејзино проучување. Запознавање со компетенциите и работата на педагогот во областа на социјалната заштита.

Содржина на предметната програма:

Историски развиток. Предмет и задачи на социјaлната педагогија. Основни поими во социјалната педагогија. Односот со другите научни дисциплини. Професионалниот идентитет на социјалниот педагог. Специфичности на методологијата на истражување во социјалната педагогија. Основни средински кругови. Работата на педагогот во областа на социјалната заштита. Подрачја на работа на социјалниот педагог. Тимска работа на педагогот и сродните профили. Изготвување наод и мислење на педагогот/стручниот тим. Педагогот и институционалната и вонинституционалната заштита на деца и млади.

Литература:

1. Миовска – Спасева, С., Социјална педагогија, прирачник за интерна употреба

2. Uzelac S., Osnove socijalne pedagogije, Školska knjiga Zagreb, 2007

3. Стручно-методолошки упатства и прирачници, кн. 1 том 2, Завод за социјални дејности, Скопјe, 2007

4. Петровска, Н., Детско престапништво превенција и превентивни програми, 2016

5. Закон за социјалната заштита, консолидиран текст 2015

6. Закон за семејство, пречистен текст, Службен весник бр. 153, 2014