ПЕ703З/18: Домска педагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | VII | 3+1 | 5 |
Наставник: д–р Борче Костов
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија од областа на домската педагогија; Да се запознаат студентите со местото и улогата на ученичките домови во системот на воспитанието и образованието; Да се запознаат со организационата поставеност и основните услови за работа во ученичките домови; Да се оспособат студентите за примена формите и методите на воспитна работа во ученичките домови, Следење и евалуација на постигнатите воспитни ефекти во ученичките домови; Усвојувања на знаења и сознанија за специфичностите и законитостите на воспитно-образовната работа во домовите; Оспособување за планирање, изведување и вреднување на ефикасноста на воспитно-образовната работа; Развивање на личноста на младите за хумано, самостојно и одговорно вршење на воспитно-образовната функција во домовите; Развивање на способноста за набљудување, воочување и откривање на причините за однесувањето на децата и младите во домовите.
Содржина на предметната програма:
Целите и задачите на домската педагогија; Определување на поимот домско воспитание; Принципи, методи, средства на воспитната работа во ученичките домови; Облици на воспитна работа во домовите за ученици: воспитна работа со поединец, воспитна работа во мала група, воспитна работа во домска група; Програмирање на воспитната работа во ученичките домови; Следење и евалуација на воспитната работа во домовите за ученици; Соработка на домовите за ученици со: семејството, локалната заедница, училиштата каде учат децата; Организација и реализација на активностите на слободното време во ученичките домови; Видови на домови за ученици (домови на ученици кои ги опфаќаат децата од основношколска возраст, средношколски ученички домови, ученички домови за деца со пречки во развојот, домови за деца без родителска
грижа).
Литература:
1. Vladimir Rosić, Domski odgoj, Graftrade, Rijeka, 2001
2. Крсте Велески, Воспитна работа со ученици домци, Скопје, 2010
3. Ante Vukasović, Pedagogija (Poglavlje VI – odgoj u domovima), MI, Zagreb, 2001
4. Neven Hrvatić, Domska pedagogija: od teorije do odgojne prakse, Filozofski fakultet u Rijeci, 2002