ПЕ307И/18: Логика

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаIII2+14

Наставник: д-р Ана Димишковска

Цели на предметната програма:

Запознавање со суштината на поимите, операциите, методите и законите на логиката како филозофска дисциплина, со цел студентите да се оспособат за нивна примена во сопствената научна, истражувачка и педагошка дејност; развивање на способностите на студентите за рационално и критичко вреднување на сопствените и туѓите гледишта и изострување на стандардите на рационалната комуникација во различните теориски и практични подрачја.

Содржина на предметната програма:

1) Логиката како наука и нејзиниот однос со останатите науки; потесното и поширокото значење на логиката; логиката како општа теорија на рационалноста

2) Проблемите, изворите и можностите на познанието; емпиризам, рационализам, критицизам; догматизам и агностицизам. Комуникацијата и познанието

3) Логиката како универзален јазик. Основи на логика на исказите. Основи на логиката на предикатите.

4) Логиката и науката. Предметот на науката. Метод и методологија. Општа постапка на научното истражување.

5) Методи за образување и објаснување на поимите: аналитичко-синтетички метод; апстракција, генерализација, конкретизација; дефиниција; делба и класификација

6) Методи за образување и докажување на исказите. Емпириски методи. Индукција. Логичкиот проблем на индукцијата. Дедукција. Непосредни логички следства. Силогизам. Аксиоматски метод.

7) Проблемот на вредносните судови. Вредносните судови во историјата, етиката и естетиката.

Литература:

1. Виолета Панзова, Логика – Општа теорија на рационалноста, Филозофски факултет, Скопје, 2000

2. Irving M. Copi, Carl Cohen and Daniel E. Flage, Essentials of Logic, Pearson/Prentice Hall, New Jersey, 2007

3. Gajo Petrović, Logika, Školska knjiga, Zagreb, 1991