ПЕ306И/18: Педагошки дизајн/ Pedagogical design
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | III | 2+1 | 4 |
Наставник: д-р Алма Тасевска
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат сознанија за педагошкиот дизајн и да развијат вештини, способности и сензибилитет за: дизајнирање и евалвација на материјали за учење и поучување, евалвациска и компаративна анализа на учебници и друг учебен материјал, изработка на визуелно-илустративни компоненти и процена на педагошката функционална орнаментика и симболика, техники на изработка, организација и евалвација на содржински и илустративно-ликовни решенија во актуелните извори на знаења и на образовната средина.
Содржина на предметната програма:
Дизајн (педагошки дизајн) и дизајнирање – поим и кус историски осврт, дизајнирање на пазарни производи, елементи на дизајнот, композиција и структура на дизајнерската дејност, релација: педагошки дизајн и дизајниран педагошки продукт, анализа на педагошки материјали (учебници, наставни програми, сликовници, списанија, печат), форма, боја и распоред на елементите, големина и сооднос (пропорција на елементите), информативна вредност и носивост на дизајнирани материјали, дизајн на наслови, поднаслови и амблеми, пораки и идеи во дизајнираните материјали, вињети и орнаментика на букви и броеви, истражување на фонтови и нивно користење, организација на содржински и илустративни компоненти во дизајниран материјал, релација: содржина-илустрација, редизајн на текст во илустративно-графички компоненти, графичка презентација на идеи и пораки.
Литература:
1. Бањанин, М., Теорије организације и дизајн у школи, Центар за усавршавање руководиоца у образовању, Београд, 1996
2. Jay McTighe – Grant Wigins, The understanding by Design Handbook, Association for Supervision & Curriculum Development, 1999
3. Preez, Ch., How to disign and develop learning materials – The total learning experiance mode, 2011: www.col.org/pcf2/papers/dupreez.pdf