ПЕ303З/18: Компаративна педагогија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | III | 3+1 | 5 |
Наставник: д–р Сузана Миовска – Спасева
Цели на предметната програма:
Стекнување научни и продлабочени сознанија за суштината, карактерот и методолошките пристапи во компаративната педагогија и развивање способности за компаративно проучување на образованието и за критичка примена на туѓите образовни искуства во домашен контекст.
Содржина на предметната програма:
Историски развиток на компаративното проучување на образованието: периодизација, фази, институционализација на компаративното проучување на образованието (истражувачки центри, меѓународни организации, професионални здруженија, компаративната педагогија како универзитетска дисциплина). Научниот идентитет на компаративната педагогија: предмет и задачи, актери и корисници, компаративната педагогија и другите науки и педагошки дисциплини, компаративната и меѓународната педагогија, перспективите на компаративното проучување на образованието. Методолошки аспекти на компаративното проучување на образованието: концепциски пристапи, фази, аспекти на компарирање, видови компаративни истражувања, методи во компаративното проучување на образованието.
Литература:
1. Миовска – Спасева, С., Компаративна педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2011
2. Cowen, R., Kazamias, А. (eds.), International handbook of comparative education, Springer, London-New York, 2009
3. Bray, M., Adamson, B., Mason, M. (eds.), Comparative education research, University of Hong Kong, Springer, 2007
4. Миовска – Спасева, С, Основното образование во САД, Селектор, Скопје, 2009
5. Миовска-Спасева, С., Прагматистичката педагогија и основното образование, Селектор, Скопје, 2005