Р602З/18: Род и насилство
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Родови студии | VI | 2+2 | 6 |
Наставник: д–р Николина Кениг
Цели на предметната програма:
– Стекнување знаења за облиците низ кои се манифестира родовото насилство, за главните теориски објаснувања на истото, индикаторите за препознавање и можностите за превенирање
– Стекнување основни знаења и вештини во сферата на емпириските истражувања на родово базираното насилство
– Стимулирање на критичкото размислување, родовата сензитивност и вештините за лобирање во сферата на борбата против родово базираното насилство
– Афирмирање на негативниот став кон насилството воопшто, особено кон родово-базираното насилство
Содржина на предметната програма:
Дефинирање на насилството. Дефинирање и типологии на родово базирано насилство. Родот и моќта. Родовото насилство во контекст на човековите права: осврт на сексуално граѓанство. Структурно насилство и културно насилство. Сексуално насилство. Видови сексуално насилство и теории за објаснување на сексуалното насилство. Насилство во интимни релации и теории за овој вид насилство. Аспекти на сеопфатно сексуално образование и неговата улога во превенирање на родово засновано насилство. Вклучување на мажите во борбата против родово базираното насилство. Методолошки прашања во истражувањата на насилството.
Литература:
1. Кениг, Н., Насилство: родова перспектива, Филозофски факултет, 2011
2. Аспекти на сексуалноста и сексуалното образование, ХЕРА – Скопје и Филозофски факултет, 2014
3. Claire М. Renzetti, C. M, Edleson, J. L. & Kennedy, Bergen, R. K., Sourcebook on Violence Against Women (2. Edition), SAGE, 2011
4. Fabian, K. (еd.), Domestic Violence in Postcommunist States, Indiana University Press, 2010
5. Krug, E. G., Dahlberg, I. L., Mercy, J. A., Zwi, A. & Lozano, R. (eds)., World Report on Violence and Health, World Health Organization, 2002