Р503З/18: Родот и религијата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииV2+26

Наставник: д–р Марија Тодоровска

Цели на предметната програма:

Здобиени сознанија за родовите аспекти на религиските системи и практики Здобиени сознанија за меѓународните документи за човековите права кои ги гарантираат верските слободи и права од една страна, и родовите идентитети и релации од друга страна Здобиени сознанија за поврзаноста на родот, религијата, човековите права и политиките во контекст на глобализацијата.

Содржина на предметната програма:

Вовед во механизмите на позитивниот и негативниот култ како основа за родово разграничување. Женскиот и машкиот принцип во примордијалните верувања – митско-ритуални назнаки за родот. Статусот на жената во Стариот Завет: настанувањето на човекот; улогата на жената во прокреацијата и заедницата; жената во правилата од Закони и Повторени закони. Реформаторската функција на Исус, идеите за разбивањето на патријархалните стереотипи од Стариот завет и интерзаветниот период. Разбирањето на светоста на жената преку ликот на Дева Марија. Посланијата на Апостол Павле – реактуализација и ширење на родовото стереотипизирање во рамките на „новата вера“. Христијанството низ средниот век: сликата на жената во разбирањето на злото. Разлики меѓу православието, католицизмот и протестантството. Современите родови улоги во христијанството. Жената во пред-исламскиот племенски Сауди-Арабиски поредок; промените во разбирањето на жената во Исламот. Улогата на жената според Коранот и во културната традиција. Средовековниот ислам и современите текови (шеријатското право во 21 век; жената во Арапската пролет; жената и одржувањето на исламската вера во јавниот простор на современиот мултикултурализам). Идеите за статусот на жената во хиндуизмот (поделеноста на принципите, несоодветноста на жената за ритуалната практика и јавните улоги); будистичкото разбирање на духовниот развој и родовите разлики; конфуцијанистичката онтологија како основа за родова дискриминација; источните учења во современ контекст. Вовед во современата расправа за родот, религијата и човековите права како дел од пошироката расправа за човековите права и религијата сублимирана во прашањата: во која мера религиските традиции се судираат со прифатените стандарди на човековите права; дали посебните религиски системи ги антиципирале модерните човекови права, или дури служат како извор за нив и дали има можност да се изнајде заеднички пресек на овие два система.

Литература:

1. Тодоровска, Марија, Бадаревски, Боби, Читанка со одбрани преведени текстови од релевантни автори, Филозофски факултет, Скопје, 2016

2. Jon Witte Jr. & Johan D. van der Vyver (eds.), Religious human rights in Global perspective, Kluwer law International, The Hague, 1996

3. Zilka Spahić – Šiljak, Žene, religija i politika, Internacionalni multireligijski i interkulturni centar IMC Zаjedno, Sarajevo, 2007

4. Човекови права – збирка меѓународни документи за правата на човекот, Фонд отворено општество Македонија, 1993

5. Kevin Boyle and Juliet Sheen, Freedom of Religion and Belief – A World Report, Routledge, New York, 1997

6. Слободанка Марковска, Жените и религијата во феминистичкиот дискурс, Културен живот, 2000

7. Yvonne Yazbeck Haddad and Ellison Banks Findly (eds.), Women, Religion and Social Change, University of New York Press, 1985