Р403З/18: Антропологија на жената

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIV2+26

Наставник: д-р Сузана Симоновска

Цели на предметната програма:

Да ги запознае студентите со основните преокупации на антропологијата на жената и со теориските напори за поголема видливост на жената во антропологијата; да придонесе во надминувањето на сексизмот во антрополошката теорија; да ја развива нивната самосвест и самоидентификација од аспект на родовата перспектива.

Содржина на предметната програма:

Антропологијата на жената: одговор на сексизмот и невидливоста на жената во антрополошките истражувања. Теорискиот и практичниот аспект на проблемот. Природа и култура – дали анатомијата е судбина. Дистинкција меѓу полот (биологија) и родот (сфатен како социјален конструкт); Спорот за определниците на родовите улоги: биолошките и културните определници; Патријархат – матријархат. Контроверзи во однос на дихотомијата јавно/приватно. Крвно сродство и пол. Брак и семејство. Сексуалност и моќ. Проблеми на родовите стереотипи.

Литература:

1. Papic, Ž, Sklevicky, L. (ur.), Antroplogija žene, Beograd: Biblioteka XX vek, 2003

2. Ацески, И., Културна антропологија, Скопје: Филозофски факултет, 2016, 285-335

3. Мид, М., Пол и темперамент у три примитивна друштва, Београд: Укронија, 2009

4. Ошо, Книга за жената, Скопје: Мартина Комерц, 2008

5. Фројд, С., Женскост, Скопје: Ѓурѓа, 2008