Р105И/18: Педагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииI2+26

Наставник: д-р Алма Тасевска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат научни и продлабочени сознанија за развојот и улогата на педагогијата како наука. Студентите да стекнат компетенции за темелни научни определби на педагошката наука, дефинирање на основните педагошки поими и категории, како и поимно определување на воспитанието. Студентите ќе бидат оспособени за примена на основната педагошка терминологија.

Содржина на предметната програма:

Појавата на педагогијата и нејзиното конституирање како самостојна наука, Педагогијата како наука за воспитанието, Односот на педагогијата со другите науки, Систем на педагошки дисциплини, Општеството и воспитанието, Основни педагошки поими и категории, Фактори во развојот на личноста, Критериуми за поделба на воспитанието, Воспитен процес, Воспитно-образовен систем.

Литература:

1. Баракоска, А., Општа педагогија, Филозофски факултет, Скопје, 2013

2. Hufnagel, E., Filozofija pedagogije, Demetra, Zagreb, 2002

3. Gudjons, Herbert, Pedagogija – temeljna znanja, Educa, Zagreb, 1994

4. Trnavac – Ðordjević, Pedagogija, Naučna knjiga, Beograd, 1998