ПКБ503И/18: Економика на организациите
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | V | 2+2 | 5 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Цел на предметната програма Економика на претпријатие е да им овозможи на студентите да се стекнат со продлабочени знаења од областа на економиката на претпријатието и со специфични вештини за примена на ова знаење во практиката. За остварување на овие цели предметната програма ќе ги обработи теоретските аспекти на економиката на претпријатието, а потоа ќе се фокусира на нивната практична примена.
По завршувањето на наставата студентите треба да бидат способни да: Ги осознаат теоретските основи на економиката на претпријатието; Да се запознаат со основниот поим на претпријатието како субјект за пазарно работење. Ја запознаат природата и начинот на управување со основните елементи на производство; Ги осознаат методите за мерење и оценување на резултатите на функционирање на претпријатието; Ги применуваат показателите на економиката на претпријатието за подобрување на резултатите од работењето на претпријатијата.
Содржина на предметната програма:
Претпријатието – основен субјект на пазарното работење, Основање и локација на претпријатието, Управување со средствата на претпријатието, Плаќање на трудот, Управување со трошоците на претпријатието, Управување со квалитетот на економијата на претпријатието, Управување со резултатите на претпријатието.
Литература:
1. Димитар Бојаџиоски и Олгица Блажеска, Економика на претпријатие, Трето преработено и дополнето издание, Економски факултет, Скопје, 2009.
2. Пол Г. Фарнам, Економија за менаџери, Датапонс, Скопје, 2009.
3. Роналд Г. Ехренберг и Роберт С. Смит, Модерна економија на трудот, Магор, Скопје, 2010.