ПКБ402И/18: Бизнис менаџмент
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | IV | 3+2 | 7,5 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Да се оспособат за подготвување на различни менаџерски одлуки, во зависност од нивото на менаџмент и карактерот на проблемот, да стекнат компетенции за апликативна употреба на концептите за менаџмент и лидерство, сообразно дијагнозата на внатрешното и надворешното окружување, да стекнат критични знаења за дијагноза, интеграција и евалуација на процесите и односите во извршувањето на бизнисот, да ја определат апликативната употреба на организациската култура и промени, во функција на организацискиот развој, како и да го осознаат значењето на општествената одговорност и деловна етика за современиот бизнис.
Содржина на предметната програма:
Предметната програма Бизнис менаџмент претставува интеграција на методолошко-теоретската рамка за препознавање на постојните и идни бизнис проблеми, со емпириско – рационалната основа за нивно практично менаџирање, со особен нагласок на интеграција на процесите и односите во современото извршување на бизнисот. Интегрален сегмент на совладувањето на наставната програма претставуваат димензиите категоризација на видовите одлуки на секое менаџерско ниво, согледување на меѓусебната поврзаност и взаемна условеност на менаџерското и лидерското однесување, осознавање на менаџерските пристапи за дијагноза на бизнис проблем, определување на фазата на животниот циклус во кој се наоѓаат бизнисите, определување на основите за изградба на моделот на организациска култура, аналитично определување на видот на организациските промени со кои е неопходно бизнисите да менаџираат, утврдување на критични менаџерски аспекти во различните функции на менаџментот, како и адекватно определување на улогата на општествената одговорност и деловна етика во функција на развој на современиот бизнис.
Литература:
1. Burrow James & Kleindl Brad, Business Management, Cambridge University Press, 2012
2. Nichels William, James McHugh & Susan McHugh, Understanding Business, McGraw Hill, 2016
3. Адижес Исак, Управување со корпоративни животни циклуси, МАНУ и М6 Едукативен Центар, Скопје, 2010
4. Thuis Peter & Reink Stuive, Business Administration, Noordhoff Utgevers, 2014
5. Pride William, Robert Hughes & Jack Kapoor, Business, South Western Cengage Learning, 2011