ПКБ401И/18: Заштита на податоци
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | IV | 2+2 | 7,5 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни сознанија за стандардите и границите на заштита на сферата на приватноста и заштитата на личните податоци на поединецот преку институционалиот систем во Република Макеоднија и преку системот на кривичноправна заштита, како и европските стандарди, особено значајни за поставување на границите на работниците на приватното обезбедување во Република Македонија при вршењето на физичкото и техничкото обезбедување.
Содржина на предметната програма:
Поим на приватност, поим на личен податок, меѓународни стандарди и основи за заштита на приватноста и личните податоци, национална законска регулатива за заштита на приватноста и личните податоци со посебен осврт врз Законот за заштита на личните податоци, институционална рамка за заштита на личните податоци, стандарди за заштита на приватниот и семејниот живот кои произлегуваат од ЕКЧП и праксата на Европскиот суд за човекови права, казнени дела против слободите и правата на човекот и граѓанинот, заштитата на личните податоци во казненото законодавство во РМ (казнена евиденција, регистар на „педофили“, објавување судски пресуди, стандарди за базите на податоци, заштита на приватноста и специјалните истражни мерки), анализа на праксата (судска пракса) во Република Македонија итн.
Литература:
1. Камбовски В., Тупанчески Н., Казнено право – посебен дел, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2011
2. Сл. весник на РМ, Закон за заштита на личните податоци
3. Тупанчески, Н., Кривичен законик (интегрален текст), Правен факултет „Јустинијан Први“, 2015
4. Камбовски В., Казнено право – општ дел, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2011
5. Марјановиќ, Ѓ., Каневчев, М., Македонско кривично право – општ дел, Правен факултет „Јустинијан Први“, 2010