ПКБ201И/18: Основи на информатика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | II | 2+2 | 7,5 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Оспособување за работа со двата најраспространети оперативни системи, како и за работа со основните и најчесто користени компјутерски алатки. Запознавање со основите на Интернет, достапните сервиси (email, telnet, FTP, WWW, http) и нивно користење.
Содржина на предметната програма:
Запознавање со oперативните системи, нивните основи и карактеристики, работа со стеблата на именици и датотеки. Работа со периферни уреди. Работа во Windows: прозорска околина и командна линија. Работа со Linux: прозорска околина и командна линија. Основни компјутерски алатки за работа: уредувачи на текст (пишување и форматирање текст, користење стилови, автоматска содржина, работа со табели); алатки за табеларно уредување податоци (организација на податоци, пресметки и формули, прикажување графикони); алатки за презентација. Основни сервиси што ги нуди Интернет. Сервис за праќање и прием на електронска пошта – е-маил. Алатки за прием и праќање на е-пошта. Социјални мрежи: карактеристики и користење: facebook, linkedin и сл. Алатки за безбедност и заштита од неовластени упади при работа со компјутери и во компјутерски мрежи.
Литература:
1. Jim Boyce, Windows 7 Bible, 3rd Edition, Wiley, 2009
2. Michael Miller, Absolute Beginner’s Guide to Computer Basics (5th Edition), Que Publishing, 2009
3. E. Siever, S. Figgins, R. Love, A. Robbins, Linux in a Nutshell, 6th Ed, O’Reilly Media, 2009
4. J. Matthews, Computer Networking: Internet Protocols in Action, John Wiley & Sons, 2005
5. E. Bott, C. Siechert, Microsoft Office 2010 Inside Out, Microsoft Press, 2010
6. A. Channelle, Beginning Open Office 3: From Novice to Professional, 2nd printing, Apress, 2008