ПКБ201З/18: Проценка и превенција на ризици
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | II | 3+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Лидија Георгиева
Цели на предметната програма:
Целта на програмата е да ги оспособи студентите да ја совладаат и користат теориската рамка за ризиците во современото општествопредизвикани од глобализацијата и технолошкиот развој. Студентите ќе ги разликуваат видовите на ризици и фазите за управување со ризици.
Содржина на предметната програма:
Мапирање на ризично општество; Клучни општествени и социјални промени; Дефинирање на ризици; Концепти за ризици; Примарни концепти (технолошки, економски, културни, психометриски); Проширени концепти (социјална конструкција, социјално зајакнување на рамки за ризици; индивидуални разлики; основен модел за перцепција на ризици); Мета пристапи на ризици (Политички, социјален, адаптација, еволутивен); Управување со ризици (актери, правила, конвенции, процеси и механизми за идентификување, анализа, комуникација и донесување одлуки);
Литература:
1. Лидија Георгиева, Менаџирање на ризици, Филозофски факултет, 2009
2. Gabe Mythen, Ulrich Beck A Critical Introduction to the Risk Society, Pluto Press, 2004
3. Adrian V. Gheorghe (ed.), Risk in Modern Society, Springer, 2008