ПКБ102И/18: Деловна етика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Приватна и корпоративна безбедност | I | 2+2 | 7,5 |
Наставник: д–р Сузана Симоновска
Цели на предметната програма:
Да обезбеди сознанија за коплексниот однос помеѓу етичката теорија, етичките принципи и професионалната работа; да развие свест за моралната димензија на професијата; да поттикне и развие професионална и етичка одговорност; да развие способности за примена на етичките принципи и стандарди во доменот на професијата.
Содржина на предметната програма:
Етика и морал. Основни етички категории: добро и зло; морални вредности и норми; морална свест и совест. Етичко вреднување на постапките (телеолошка, деонтолошка, утилитаристичка и феминистичка етика на грижата). Деловна етика. Вредностите и деловната етика: лични, професионални и општествените вредности. Идентификување на етичките прашања и дилеми во секојдневната пракса: конфликтот меѓу индивидуалните и професионалните вредности; Top of Foвредносна неутралност и наметнување вредности. Разликата меѓу правните и етичките прашања. Последици од неетички одлуки. Професионални односи и етички одговорности. Општествена одговорност: концепт и принципи. Професионални етички стандарди и принципи (етички кодекси).
Литература:
1. Стоилковска, А., Деловска, Б., Деловна етика и општествена одговорност, Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент, 2010
2. Симоновска, С., Скаловски, Д., Етиката и родот, Скопје: Филозофски факултет 2012
3. Jackson, J., An introduction to business ethics, Oxford: Blackwell, 1996
4. V. Held, Justice and Care, Westview, 1995