ФАС05И: Филозофија на образованието

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаI2+16

Наставник:

Цели на предметната програма:

Студентите ќе се запознаат со базичните прашања на филозофијата на образованието и со историскиот развиток на филозофската мисла за образованието, ќе го осознаат значењето на истражувањето на основните принципи на образованието, како и непосредното влијание на образованието врз развитокот на општеството, и улогата на образованието врз формирањето на личноста (моралниот лик, свтогледот итн.) на секој поединец. Ќе се здобијат со знаења за влијанието на филозофските теории врз развитокот на образовните политики и образовната практика, ќе ја осознаат заемната проникнатост и условенот меѓу педагошката практика, базичните општествени движења и филозофската рамисла за образованието. Ќе бидат запознаени со влијателни филозофски учења кои ги третираат суштествените родови прашања во рамките на истражувањето на есенцијалните проблеми на филозофијата на образованието.

Содржина на предметната програма:

Вовед во Филозофијата на образованието; Антика: Сократ, Платон, Аристотел; Среден век: Августин, Тома Аквински; Ренесанса: Томас Мор, Томазо Кампанела; Просветителство: Волтер, Дени Дидро, Клод Адријан Хелвециј, Мари Жан Антоан Кондорсе, Жан-Жак Русо; Граѓански концепции за образованието XVII-XIX век: Џон Лок, Имануел Кант, Јохан Фридрих Хербарт; Современите теории на филозофијата на образованието; Перенијализам: Роберт Мајнард Хачинс, Мортимер Адлер, Алан Блум; Eсенцијализам: Вилијам Багли, Ерик Хирш, Теодор Сајзер; Прогресивизам: Џон Дјуи, Вилијам Килпатрик, Џон Лоренс Чајлдс; Реконструкционализам: Пауло Фреире, Иван Илич, Питер Мекларен; Филозофијата на образованието, феминистичката интелектуална мисла и родовите прашања: Карол Гилиган, Нел Нодингс, Бел Хукс.

Литература:

1. Заревски, Драгор, Филозофски размисли за образованието и етичката втемеленост на едукативната дејност, ЦГС, Скопје 2012

2. Темков, Кирил, Отворен универзитет, Метафорум, Скопје, 1993

3. Vuk-Pavlović, Pavao, Ličnost i odgoj, Tipografija, Zagreb, 1932

4. Jaeger, Werner, Paideia, 1934

5. Dewey, John, Democracy and Education: An Introduction to the Philosophy of Education, 1916

6. Freire, Paulo, Pedagogy of the Oppressed, 1968