ФАС04И: Етика
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Андрагогија | I | 2+1 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Студентите да се здобијат со знаења за етиката како базична филозофска дисциплина, за нејзиниот предмет, методи и основни учења, за категориите на етиката и основните етички вредности, за најзначајните теории за моралот и за етичката аксиологија,за улогата на разумот и на чувствата во етичката сфера, како и за современите пројави во моралот и етиката. Добивање знаење за практичните димензии и форми на етиката, за основните пројави на современата практика на човештвото во разни области на живеењето и дејствувањето, како и да се усовршат во примената на вредносниот избор и моралното нормирање во одделните области на животот и дејствувањето.
Содржина на предметната програма:
Етиката како наука: гранки на етиката; релации на етиката со други науки. Области на етиката. Структура и дијалектика на моралот; доброто и злото; извори на моралот; универзалност на моралот; автономија и хетерономија; слобода на волјата; совест. Етички норми: морална оценка; животни вредности; одговорност; должност. Проблематика на практичната етика. Области на практичната етика: биоетика, етика на здравјето, етика на екологијатa, етика на науката, социјална етика, семејна етика, економска етика, политичка етика, етикеција. Универзална етика на човештвото.
Литература:
1. Темков, Кирил, Етиката денес, Епоха, Скопје 1998
2. Темков, Кирил, Практична етика, Скопје 2003
3. Pavicevic, Vuko, Osnovi etike (262-404 str), Beograd 1974
4. Singer, Piter, Ethics, Oxford 1994
5. Singer, Peter, Prakticna etika, Beograd 2000
6. I. Čehok – I. Koprek, Etika – priručnik jedne discipline, Zagreb, 1996
7. Perović, Milenko, Etika, Novi Sad, 2001
8. Темков, Кирил, Етика за младите, Скопје, 2001
9. Темков, Кирил, Етички речник за младите, Скопје, 2001
10. Имануел, Кант, Критика на практичниот ум, Скопје, 2003
11. Bioetika u teoriji i praksi, Zagreb 2001