ФАС02И: Социологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаI2+16

Наставник: д-р Зоран Матевски

Цели на предметната програма:

Студентите да добијата подетални познавања за основните прашања и проблеми кои ги изучува социологијата како и за специфичноста на социолошката перспектива со цел поуспешно да се следат содржините од другите социолошки предмети. Социјална стратификација: системи на социјална стратификација, теории за општествената стратификација; Социјална мобилност; Сиромаштијата; Политиката и политичките институции; Војната и војската; Социјалните институции: економски институции, семејството, образованието, религијата; Социјална промена: теории за социјална промена; Населението, екологијата и урбанизацијата, Колективното поведение и социјалните движења; Социолошки пристапи кон социјалните движења; Социјалната промена: традиционални, модерни и постмодерни општества; Глобализација.

Содржина на предметната програма:

Социологијата, нејзиниот предмет и методи; Појавата и краток преглед на социолошката мисла; Култура; Социјализација; Социјална интеракција; Населени – Демографија; Слободно време, спорт, туризам; Човек, природа, техника; Образование; Религија; Девијација, социјална контрола и криминал; Семејство; Општествена подвижност; Етнички заедници; Власт, политика, држава; Стратификација и класна структура; Глобализација на современото општество.

Литература:

1. Ацески, Илија, Социологија, Филозофски факултет, 2002

2. Gidens, Entoni, Sociologija, Nakladni zavod Globus, 2007

3. M. Haralambos i M. Holborn, Sociologija, (teme i perspektive), Golden Marketing, 2000