СР302З/18: Економија и социјален систем
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социјална работа и социјална политика | III | 3+2 | 6 |
Наставник: д-р Билјана Ташевска
Цели на предметната програма:
Претставување на основните економски категории кои се важни за разбирање на економските и социјалните процеси. Да се стекнат сознанија и искуства во поврзувањето на економијата и социјалниот систем и влијанието врз општествените односи и политики, сознанија за микро и макроекономските поими, процеси и влијанија на економијата врз социјлниот систем.
Содржина на предметната програма:
1. Основи на економијата, дефинирање, базични концепти и методи
2. Понудата и побарувачката, трошоци и производство
3. Поим и водови на пазарни структури
4. Конкуренцијата и ограничувањата
5. Наемнините и пазарот на труд
6. Макроекономски аспекти, активности и политики
7. Основи на социјалниот систем, институции, односи
8. Економијата и социјалниот систем врски и влијанија
9. Поврзаноста на економскиот раст и развој и социјалниот систем
10. Економска ефикасност и социјална праведност
Литература:
1. Фити Таки, Економија, Економски факултет, Скопје, 2016
2. Пејковски Јован, Социјален развој, Филозофски факултет, Скопје, 2016
3. Пејковски Јован, Системи на социјална сигурност, Филозофски факултет, Скопје, 2016