АС701: Социјална андрагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаVII2+16

Наставник: д–р Сузана Миовска-Спасева

Цели на предметната програма:

Стекнување продлабочени сознанија за системот за социјална заштита во Република Македонија и развивање вештини и способности за давање поддршка и заштита во одделните подрачја на социјално-воспитната работа.

Содржина на предметната програма:

Предмет на истражување на социјалната андрагогија. Основни поими во социјалната андрагогија. Односот меѓу социјалната педагогија и социјалната андрагогија. Подрачја на воспитно делување во социјалната заштита на млади, возрасни и стари. Методи на воспитно-социјална работа (со поединец, семејство, групи и социјална заедница). Методологија на истражување на воспитната средина.

Литература:

1. Стручно методолошки упатства и прирачници, Книга 1, том 2, Завод за социјални дејности, Скопје, 2007

2. Амицис Г., Системот на социјална заштита во Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика, 2004

3. Dallos R., McLaughin, E., Social Problems and the Family, Sage, 1998

4. Савићевић Д., Учење и старење, Београд: Институт за педагогију и андрагогију, 2004