АС303: Психологија на зрелото доба и стареење

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаIII2+16

Наставник: д–р Ана Фрицханд

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат основни знаења од областа на психологијата на (не)стареењето и да развијат вештини за нивна практична примена.

Содржина на предметната програма:

Процеси на стареење на психолошки план, и нивната поврзаност со промените на биолошки и социјален план. Променливи поделби на возрасните периоди во психологијата на стареење според различни критериуми. Развојни контексти и сликизазрелатадоба. Позитивни, добронамерни и негативни стереотипи за возрасните. Старизам и справување со него. Солидарност меѓу генерациите. Теории за стареењето. Когнитивни теории за развојот на возрасните. Мудрост и развој преку меѓу генерациска соработка. Активно и креативно справување со возрасните проблеми како променливи пореметувања. Применета психологија на стареењето и специјалист геропсихолог. Нови предизвици во геронтолошката практика. Активно и креативно (не)стареење. Психички нарушувања, умирање и смрт – премин од побудена во мирна енергија.

Литература:

1. Мурџева-Шкариќ, О., Психологија на зрелата доба и стареење, 2016