АС202: Современи педагошки теории

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаII2+16

Наставник: д–р Борче Костов

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни сознанија за современите педагошки теории и теориската заснованост на физичкото, интелектуалното, моралното, естетското и работно-политехничкото воспитание, да се согледа меѓузависноста на овие воспитни подрачја, да се добијат научни и продлабочени сознанија за начините, методите, принципите и средствата на реализација на посебните воспитни подрачја (физичко, интелектуални, морално, естетско и работно- политехничко), да се согледа значењето и функцијата на овие воспитни подрачја во развојот на личноста, да се развијат способности и вештини за нивна практична примена во работата со ученици.

Содржина на предметната програма:

Историско теориски основи и определување на поимот физичко воспитание; основни претпоставки на теоријата на физичкото воспитание; целта, задачите, принципите, и методите на физичкото воспитание; современи гледања и перспективи, концепција и реализација на физичкото воспитани; Определување на поимот интелектуално воспитание; историско-теориски основи на интелектуалното воспитание; психолошко-педагошки пртпоставки на интелектуалното воспитание, целта, задачите, принципите, методите на интелектуалното воспитание; современи тенденции во интелектуалното воспитание, концепција и реализација; Определување на поимите: морал, етика и морално воспитание; развој на идеата за морално воспитание; основни претпоставки на моралното воспитание; дилеми во теоријата на моралното воспитание; целата и етапите на процесот на моралното формирање на личноста; целта, задачите, содржините, методите, средствата и принципите; концепција и реализација; Определување на поимот естетско воспитание; развој на идеата за естетско воспитание, основни претпоставки на естетското воспитание; значењто на естетското воспитание за индивидуалниот развиток на личноста; општественото значење на естетското воспитание; цел, задачи, методи, средства, принципи и можности за реализација; Определување на поимот работно и политехничко воспитание; историско теориски основи; современи теориски претпоставки на работното и политехничко воспитание; дилеми во теоријата на работното и политехничко воспитание; цел, задачи, методи, средства, принципи, содржински компоненти; концепција и реализација.

Литература:

1. Костова, М., Теорија на воспитанието, Киро Дандаро, Битола, 2004

2. Zefler, E., Teorija znanosti o odgoju, Educa, Zagreb, 2001

3. Milat, J., Pedagogija teorija osposobljavanja, Školska knjiga, Zagreb, 2005

4. Костов, Б., Естетско воспитание, ФзФ, Скопје, 2013

5. Митрески, Ѓ., Физичко воспитание, Работнички универзитет „Кочо Рацин“, Скопје, 2002

6. Попова-Коскарова, Р., Интелектуалното воспитание во современата педагошка теорија и практика, Инвест-Трејд, Скопје, 2002

7. Vukasović, A., Etika, moral, osobnost, Školska knjiga, 1992