ПЕ406И/18: Воспитна работа со деца со пречки во поведението

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаIV3+15

Наставник: д–р Борче Костов

Цели на предметната програма:

Усвојување на основните поими за деца со пречки во поведението, стекнување знаења за асоцијалното однесување на децата и младите и педагошките услови за спречување на асоцијалното однесување на учениците, запознавање со воспитните мерки во работата со децата со пречки во поведението и карактеристиките на работата на социјалниот педагог со овие деца.

Содржина на предметната програма:

Определување на основните поими за асоцијално однесување и деца со пречки во поведението; Семејството и асоцијалното однесување на децата и младите; Асоцијалното однесување на учениците и неговото спречување; Интеракција на семејството и училиштето во решавањето на асоцијалното однесување на учениците со пречки во поведението; Училишно насилство; Формирање на безбедна средина во училиштето; Современото училиште и проблемите на воспитен план; Малолетничка деликвенција; Историски осврт на малолетничката деликвенција; Воспитни мерки и воспитна работа со децата со пречки во поведението.

 Литература:

1. Борче Костов, Воспитна работа со деца со пречки во поведението, скрипта за интерна употреба

2. Josipa Bašić, Teorije prevencije: prevencija poremećaja u ponašanju i rizičnih ponašanja djece i mladih, Školska knjiga, Zagreb, 2009

3. Dejana Bouillet, Slobodan Uzelac, Osnove socijalne pedagogijе (I dio, 6. Temelji, moć i granice socijalno-pedagoških intervencija), Školska knjiga, Zagreb