ПЕ404И/18: Етнопедагогија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаIV3+15

Наставник: д-р Сузана Миовска – Спасева

Цели на предметната програма:

Запознавање со теоретските основи и практичните пристапи во етнопедагогијата. Развивање интерес за проучување на воспитните аспекти на народното творештво и оспособување за етнопедагошки истражувања.

Содржина на предметната програма:

Предмет и задачи. Историски основи. Односот на етнопедагогијата и историјата на педагогијата. Средства на народно воспитување: пословици и поговорки, гатанки, народни песни, приказни. Фактори на воспитно влијание во народната педагогија. Традиционалните вредности и народното творештво. Улогата на семејството во зачувувањето и пренесувањето на традицијата. Воспитната вредност на македонското народно творештво.

Литература:

1. Миовска – Спасева, С., Етнопедагогија, прирачник за интерна употреба

2. Волков, Н. Г., Етнопедагогика, 1999

3. Пенушлиски Кирил (ред.), Пословици и гатанки, Македонска книга, Скопје, 1969

4. Иванов П. Иван, Диференциална педагогика, Шумен, 2002