ПЕ202З/18: Национална историја на педагогијата
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Сузана Миовска – Спасева
Цели на предметната програма:
Добивање научни и продлабочени сознанија за историскиот развој на воспитувањето и образованието во Македонија и развивање интерес и способности за негово проучување и критичко вреднување.
Содржина на предметната програма:
Предмет, задачи и извори. Воспитувањето и образованието во средновековна Македонија. Школството и просветата во Македонија за време на турското владеење. Школството и образованието во времето на Преродбата и националноослободителното движење. Воспитувањето и образованието во Македонија меѓу двете светски војни. Образованието во Македонија за време на НОБ. Етапи, процеси и карактеристики на воспитувањето и образованието по ослободувањето на Македонија.
Литература:
1. Кантарџиев, Р., Историја на образованието и просветата во Македонија, Просветно дело, Скопје, 2002
2. Камберски, К., Од буквар до универзитет, Просветно дело, Скопје, 1994
3. Андовска, Н. (ур.), Воспитанието и образованието во Македонија 1943-1983, Просветно дело, Скопје, 1985
4. Бојаровски, А. (ур.), Панонски легенди, Наша книга, Мисла, Култура, Скопје, 1987
5. Камберски, К. (уред.), Предучилишното и основното воспитание и образование во Република Македонија, Филозофски факултет, Скопје, 2000
6. Кантарџиев, Р., Македонското преродбенско училиште, Студентски збор, Скопје, 1985
7. Поленаковиќ, Х., Во мугрите на словенската писменост, Мисла, Скопје, 1973 (стр. 9-38, 93-101, 143-222, 245-259)