ПЕ201З/18: Теорија на воспитанието

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаII3+26

Наставник: д–р Борче Костов

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни сознанија за теориската заснованост на естетското, моралното, интелектуалното, работно-политехничкото и физичкото воспитание и да се согледа меѓузависноста на овие воспитни подрачја, да се добијат научни и продлабочени сознанија за начините, методите, принципите, концепциската поставеност и средствата на реализација на посебните воспитни подрачја (естетско, морално, интелектуално, работно и физичко), да се согледа значењето и функцијата на овие воспитни подрачја во развојот на личноста, да се развијат способности и вештини за нивна практична примена во работата со ученици.

Содржина на предметната програма:

Теоретско разгледување на проблемот на естетското воспитание, Историско-теориска димензија на естетското воспитание, Теоретски основи на естетското воспитание, Претпоставки за естетското воспитание, Дилеми во естетското воспитание, Концепциска поставеност на естетското воспитание, Значењето на естетското воспитание за индивидуалниот развиток на личноста; општественото значење на естетското воспитание; цел, задачи, методи, средства, принципи и можности за реализација; Определување на поимите: морал, етика и морално воспитание; Развој на идеата за морално воспитание; Основни претпоставки на моралното воспитание; Дилеми во теоријата на моралното воспитание; Целата и етапите на процесот на моралното формирање на личноста; Целта, задачите, содржините, методите, средствата и принципите; Концепција и реализација; Определување на поимот интелектуално воспитание; Историско-теориски основи на интелектуалното воспитание; Психолошко педагошки пртпоставки на интелектуалното воспитание, Целта, задачите, принципите и методите на интелектуалното воспитание; Современи тенденции во интелектуалното воспитание, Концепција и реализација; Определување на поимот работно и политехничко воспитание; Историско теориски основи; Современи теориски претпоставки на работното и политехничко воспитание; Дилеми во теоријата на работното и политехничко воспитание; цел, задачи, методи, средства, принципи, содржински компоненти; Концепција и реализација; Историско теориски основи и определување на поимот физичко воспитание; основни претпоставки на теоријата на физичкото воспитание; целта, задачите, принципите, и методите на физичкото воспитание; современи гледања и перспективи, концепција и реализација на физичкото воспитание.

Литература:

1. Марија Костова, Теорија на воспитанието, Киро Дандаро, Битола, 2004

2. Борче Костов, Естетско воспитание, УКИМ, Скопје, 2013

3. Eckard König, Peter Zedler, Teorija znanosti o odgoju, Educa, Zagreb, 2001

4. Ѓорѓи Митрески, Физичко воспитание, РУ „Кочо Рацин“, Скопје, 2002

5. Radovan Grandić, Slađana Zuković, Estetsko vaspitanje u školi, Novi Sad, Savez pedagoških društava Vojvodine, 2004

6. Розалина Попова Коскарова, Интелектуалното воспитание во современата педагошка теорија и практика, Инвест Трејд, Скопје, 2002