ПЕ102З/18: Историја на педагошки идеи
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д-р Сузана Миовска – Спасева
Цели на предметната програма:
Стекнување научни и продлабочени сознанија за педагошките идеи и учења во минатото и развивање способности за нивно критичко вреднување, за практична примена на прогресивните идеи и за научно-истражувачка работа.
Содржина на предметната програма:
Предмет, задачи и извори на историјата на педагогијата. Воспитни системи и педагошки идеи во робовладетелското општетсво. Воспитувањето во феудалното општество. Педагошката мисла во епохата на хуманизмот и ренесансата. Почетоците на граѓанската педагогија (Ј. А. Коменски, Џ. Лок). Педагошкиот натурализам на Ж. Ж. Русо. Педагошките идеи на Ј. Х. Песталоци. Ј. Ф. Хербарт, Ф. Фребел, А. Дистервег, К. Д. Ушински. Позитивизмот во педагогијата (Х. Спенсер). Педагошки правци и учења од крајот на 19 и првата половина 20 век (Прагматистичка педагогија, Трудова педагогија, Експериментална педагогија, Движењето Нова школа и неговите правци).
Литература:
1. Миовска – Спасева, С., Историја на педагошки идеи (прирачник за интерна употреба), 2010
2. Zaninović, M., Opća povijest pedagogije, Školska knjiga Zagreb, 1988
3. Žlebnik, L., Opšta istorija školstva i pedagoških ideja, Prosvetni pregled Beograd, NIRO Dečje novine, Gornji Milanovac, 1984
4. Zaninović, M., Pedagoška hrestomatija, Školska knjiga Zagreb, 1985
5. Коменски, Ј. А. Велика дидактика, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд, 1997
6. Лок, Џ. Мисли о васпитању
7. Русо, Ж. Ж., Емил или о васпитању, Знање, Београд, 1950