С817И/18: Спортски бон-тон
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VIII | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат темелни знаења за спортот, спортските манифестации и спортскиот бон-тон. Целта е и да развијат интерес и способност за нивно научно проучување и истражување.
Содржина на предметната програма:
Определување и дефинирање на спортот и спортските манифестации. Специфики на спортските манифестации во современото општество. Определување и дефинирање на спортскиот бон-тон. Карактеристики на спортскиот бон-тон: Интеркултурниот дијалог и спортот. Видови на норми во спортот (обичајни, морални и правни норми). Улогата на општествените чинители во ширење на спортскиот бон-тон. Спортските манифестации и спортската култура. Значење и специфики на спортската култура. Улогата на спортскиот бон-тон во превенирање на насилство и агресија во спортот.
Литература:
1. Анастасовски И., Стојаноска-Иванова, Т. и др., Спортски бон-тон, Глобал, Скопје, 2013
2. Анастасовски, И. Стојаноска-Иванова, Т., Нанев, Л., Алексовска-Величковска, Л., Спортот во општеството, Факултет за физичка култура, спорт и здравје и Глобал, Скопје, 2015
3. Анастасовски, И., Стојаноска, Т., Насилство, агресија и спорт, Флексограф, Куманово, 2010
4. Koković, D., Društvo, nasilje i sport, Mediteran, Novi Sad, 2010
5. Козарев, А., Насилството и фудбалскиот хулиганизам, Три, Скопје, 2007
6. Анастасовски, А., Анастасовски, И., Насилство, спорт и култура, Универзитетска печатница, Скопје, 2001