С813И/18: Современи религиски системи

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVIII2+14

Наставник: д–р Зоран Матевски       

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за карактеристиките и суштинските особености на најзначајните современи религиски системи и нивното влијание врз религиската ситуација во светот.

Содржина на предметната програма:

Kарактеристики на современото православие; карактеристики на современиот католицизам; карактеристики на современиот протестантизам; карактеристики на современиот ислам; карактеристики на современиот јудаизам; карактеристики на современиот будизам; карактеристики на современиот таоизам; карактеристики на современиот хиндуизам; карактеристики на современиот конфучијанизам; малите верски заедници во современото општество; современите религиски системи и секуларизацијата; современите религиски системи и конверзијата; конфликтите помеѓу современите религиски системи; практичната реализација на религиската толеранција кај најзначајните современи религиски системи; екуменизмот и неоекуменизмот; глобализацијата и современите религиски системи.

Литература:

1. Партриџ Кристофер, Религии во светот, Младинска книга, Скопје, 2009

2. Елијаде Мирче, Историја на верувањата и на религиските идеи, Табернакул, Скопје, 2005

3. Белингер Г., Велики лексикон религија, Ленто, Београд, 2004

4. Линг Тревор, Историја религије истока и запада, СКЗ, Београд, 2000

5. Мејн Александар, Историја религије, Плато, Београд, 2000

6. Макманерс Џон, Оксфордска историја Хришћанства, Клио, Београд, 2004