С801З/18: Методика на наставата по социологија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VIII | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат теориски сознанија и практични вештини за успешно изведување на наставата по социологија во училиштата, како и да се обучат за успешни стручни соработници во училиштата во Република Македонија.
Содржина на предметната програма:
Определување на методиката и нејзините специфики; Определување на наставата по социологија во средните училишта во Р. Македонија; Начини и видови на организациони облици на наставата по социологија; Улогата на социологот како стручен соработник во училиштето; Видовите на наставни и нагледни сретства кои се користат во наставата по социологија; Планирање и подготовка на часот по социологија; Нови методи и техники во изведување на наставата по социологија; Начин на оценување во наставата по социологија; Улогата на наставникот по социологија и социологот – како стручен соработник во превенција и сузбивање на девијациите во училиштето; Улогата на сретствата за масовна комуникација во наставата по социологија; Мас-медиумите како фактор за методичка иновација; Наставникот и ученикот во активна настава.
Литература:
1. Матевски, З., Методички аспекти на наставата по граѓанско образование, Филозофски факултет, Скопје, 1998
2. Стојаноска-Иванова, T., Фрицханд, А., Како до побезбедни училишта, Женска акција, Скопје, 2017
3. Адамчевска, С., Активна настава, Легис, Скопје, 1996
4. Стојаноска-Иванова, Т., Авторизирани предавања по методика на наставата по социологија, Филозофски факултет, Скопје, 2016
5. Лазаревска, С., Анѓелеска, Н., Со читање и пишување до критичко мислење, Фондација Отворено општество, Скопје, 2004
6. Lipman, M., Thinking in education, Cambridge University Press, New York, 1991