С622И/18: Превенција на девијантните појави во образовните институции на ЕУ

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаVI2+14

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат темелни знаења за девијантните појави во ЕУ и улогата на образовните институции во превенирање на истите, како и да развијат интерес и способност за нивно научно проучување и истражување.

Содржина на предметната програма:

Определување и дефинирање на општествените девијации. Специфики на општествените девијации во земјите на ЕУ. Карактеристики на образовните институции во ЕУ. Односот помеѓу образовните институции и општествените девијации. Улогата на образовните институции во креирање на програми за сузбивање на општествените девијации. Карактеристични девијантни појави во различни држави во Европа (зависност од алкохол, зависност од дрога, хазардни игри, малолетничка деликвенција и сл.). Улогата на образовните институции во превенирање на општествените девијации. Европски програми и перспективи во превенција на девијантните појави во образовните институции.

Литература:

1. Гитинс, К. (ед), Намалување на насилството во училиштата eвропски перспективи, Совет на Европа, Стразбур, 2006

2. Potkonjak, N., Vaspitna funkcija škole, Savez pedagoških društava Jugoslavije, Beograd, 1994

3. Špadijer-Dzinić, J., Socijalna patologija, sociologija devijantnosti, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1988

4. Smith, K. P., Violence in school: The Response in Europe, London and New York, Routledge, 2003

5. Moore, O. M., Minton, S. Ј., Dealing with Bulling in Schools: a Training Manual for Teachers, Parents and other Professionals, Paul Chapman Publishing, London, 2005

6. Cowie, H., Wallace, P., Peer support: a teachers manual, The Princes Trust, London, 1998