С621И/18: Идејата за обединета Европа и историјата на Европската Унија
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VI | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Милева Ѓуровска
Цели на предметната програма:
Стекнување на знаења за Европа низ историската перспектива (Антика, Среден век, Ренесанса, Просветителство, до формирањето на ЕУ и клучни настани за нејзиното функционирање). Вештини за учество и водење на јавни дебати (говорни вештини), вештини за писмено изразување и креирање на јавни политики.
Содржина на предметната програма:
Корените на европското заедништво (култура, јазици, религија, наука); Формирање на европските држави (конфликти, големи мировни договори и раните проекти за европско обединување); Клучни личности во историјата на Европската унија; Европска Заедница за јаглен и челик; Европска економска заедница; Европска унија; Европски устав и европско граѓанство; Проширувањата во ЕУ.
Литература:
1. Милева Ѓуровска, Авторизирани предавања по предметот Идеја за обединета Европа и историјата на ЕУ, Филозофски Факултет, Скопје, 2016
2. Serđo Romano, Evropa – Istorija jedne ideje, Filip Višnjić, Beograd, 2008
3. Дени де Ружмон, 28 векови на Европа, Култура, Скопје, 1997
4. Marvin Peri, Intelektualna istorija Evrope, Klio, 2000
5. Вернер Вајденфелд, Волфганг Веселс (прир.), Европа од А-Ш, Konrad-Adenauer-Stiftung во Република Македонија, 2009
6. Образовен сервер D@dalos, Европска унија (електронски учебник), УНЕСКО, 2013