С616И/18: Односот на моралот и политиката
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VI | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат темелни знаења за односот помеѓу политиката и моралот во современото општество, да развијат интерес и способност за научно проучување и истражување на моралот и политиката.
Содржина на предметната програма:
Определување и дефинирање на моралот. Специфики на моралните норми. Основни теориски концепции за односот меѓу моралот и политиката. Специфики и дефинирање на политиката. Моралот и политиката – реалност и контрадикторнист. Моралните норми во политиката. Политички бон-тон. Моралниот дискурс во современите политички програми и платформи. Моралот и политичките партии. Специфики на моралот во политиката во современото македонско општество. Корупција, морал и политика. Корупцијата и власта.
Литература:
1. Равич, Д., Витерити, Џ., Создавање добри граѓани, Арс Ламина, Скопје, 2012
2. Стојаноска-Иванова, Т., Авторизирани предавања: Морал и политика, Филозофски факултет, Скопје, 2016
3. Ејкерман, С. Р., Корупцијата и власта – причини, последици и реформи, Центар за граѓански комуникации, Скопје, 2012
4. Tompson, K., Moralna panika, CLIO, Beograd, 2003
5. Ацески, И., Социологија, Филозофски факултет, Скопје, 2013
6. Тодевска, И., Корупција – современи состојби, Македонска ризница, Куманово, 2012