С614И/18: Медиумите и образованието
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | VI | 2+1 | 4 |
Наставник: д–р Зоран Матевски
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат темелни знаења од областа на средствата за масовна комуникација и образовните институции во контекст на нивната меѓусебна интеракција и взаемно влијание.
Содржина на предметната програма:
Средствата за масовна комуникација: поим, улога и значење; средствата за масовна комуникација во современите плуралистички и демократски општества; општествената свест, средствата за масовна комуникација и нивната сознајна улога; облици на масмедиумското сознание и посебните функции на средствата за масовно комуницирање; средствата за масовна комуникација и социолошкото сознание за општествената стварност; специфичностите на одделните масмедиуми во стекнување на сознанијата за општествената стварност; учениците и студентите кко реципиенти во процесот на масовното комуницирање; средствата за масовна комуникација како екстерен фактор и интерен фактор во образованието; средствата за масовна комуникација како фактор на мeтодичко-дидактичките иновации.
Литература:
1. Матевски Зоран, Масмедиумите и наставата, ЗСМ, Скопје, 2000
2. Gone Žak, Obrazovanje i medija, Clio, Beograd, 1998
3. Dickson Tom, Mass Media Education in Transition, LEA, London, 2000
4. Златко Жоглев, Компјутеризацијата и општеството, Друштво за наука и уметност, Битола, 1997