С508И/18: Социологија на насилството

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаV2+13

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат темелни знаења за насилството во современото општество, да можат да ги препознаат современите облици на насилство, да развијат интерес и способност за негово научно истражување, како и да стекнат сознанија за негово превенирање и сузбивање.

Содржина на предметната програма:

Определување и дефинирање на насилството. Основни теориски концепции за појавата и развојот на насилството (генетички теории за насилство, психолошки теории за насилсвто, социолошки теории за насилство). Потекло на насилсвтото.Специфики на насилното однесување. Форми и видови на насилство. Теории за ненасилство. Теори за ненасилно разрешување на конфликти. Семејно насилство – специфики и карактеристики. Семејното насилство и современото општество. Образовно насилство. Специфики на насилството во образовните институции во Република Македонија. Спортско насилство. Карактеристики на насилството за време на спортските манифестации. Убиства и самоубиства. Трговија со луѓе.

Литература:

1. Стојаноска-Иванова, Т., Фрицханд, А., Како до побезбедни училишта, Женска акција, Скопје, 2017

2. Belančić, M., Nasilje, Medijska knjižara Krug, Beograd, 2004

3. Кралев, Т., Етиолошки аспекти на самоубиствата, Академик, Скопје, 1999

4. Stojanović, J., Silovanje, NIO, Nikšić, 1988

5. Мурџева-Шкариќ, О., Ненасилна трансформација на конфликти, Филозофски факултет, Скопје, 2007

6. Gidens, E., Sociologija, CID, 2001