С505И/18: Социологија на селото

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаV2+13

Наставник:

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со поважните обележја на специфичности селото, селанство и селанскиот начин на социјална репродукција општо во историјата на човеквото опшетство и конкретно во услови на општествена транзиција во Република Македонија; да се запознаат со динамиката на современиот рурално-урбан контииум за да можат критички да ги промислуваат актуалните промени во селото во релација со пошироките општествени промени и процеси; и да ги совладат позначајните категоријални и методолошки претпоставки на социолошката анализа и истражување на селото и селанството денес.

Содржина на предметната програма:

Социоологијата на селото како академска дисциплина( настанување и развој, предмет и методи); Основните поими на социологијата на селото (село и селанство во историска и теориска перспектива, селско и земјоделско семејство/домаќинство/стопанство/посед); Рурална екологија, Селото и селанството како колективитет: заедница, класа, агрегат; Социјални категории и групи на село: род, комшилук, стари/млади, мажи/жени, посредници меѓу селот и глобалното опкружување; Општествени институци во селото: училиште, храм, матично, политичари, здравствен дом/амбуланта, спортски клубови, „нашинците во странство“; Селската култура: традиционалност, селски вредности, модерност. Рурални промени: рурален егзодус и рурален развој (деаграризација, промени на селскиот брачен пазар, рурален туризам, диверсификација на руралните средини); Перспективите на селото и руралноста во Македонија во глобализираниот свет.

Литература:

1. Карталов, Христо, Социологија на селото, Филозофски факултет, Скопје, 2008

2. Mendras Henri, Seljačka drustva, Globus: Zagreb, 1986

3. Јакимовски Јорде, Општествената структура на селото, ИСППИ: Скопје, 2007

4. Veselinov, Dragan, Sumrak seljaštva, Ekonomika, Beograd, 1987