С503З/18: Социологија на општествени девијации

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаV3+26

Наставник: д–р Татјана Стојаноска Иванова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат темелни знаења за видот, обемот и динамиката на општествено – девијантните појави и современите општествени проблеми и феномени, да развијат интерес и способност за нивно научно истражување, како и да стекнат сознанија за нивно превенирање и сузбивање.

Содржина на предметната програма:

Определување на социологијата на општествени девијации како наука. Предмет, методи и техники на социологијата на општествени девијации. Основни теориски концепции за општествените девијации (еколошка теорија на девијантноста, теорија за диференцијална идентификација и асоцијација, теорија за културен конфликт и културен расчекор, теорија на аномија, теорија за општествена дезорганизација). Зависност од дрога – поим, причини, видови и општествени последици. Хазардни игри-поими и видови. Проституција – дефинирање, историски развој, видови, општествена реакција. Организиран криминал – специфики. Малолетничка деликвенција-поимно определување и специфики. Алкохолизам – дефинирање, класификација и оштествена реакција. Вагабондажа-поим и карактеристики. Хомосексуализам – табуизирање, специфики и односот на општеството кон маргинализираните групи. Хомосексуални бракови во современото општество. Педофилија – поим и специфични обележја.

Литература:

1. Špadijer-Dzinić, J., Socijalna patologija, Zavod za udžbenike i nastavna sredstva, Beograd, 1989

2. Сулејманов, З., Стојаноски, Н., Социјална патологија, Југореклам, Скопје, 2002

3. Šeparović, Z., Kriminologija i socijalna patologija, Biblioteka udžbenika i skripta PFZ, Zagreb, 1981

4. Чонева, Љ. (ур.), Малолетничкиот криминалитет во транзицијата во Република Македонија, ИСППИ, Скопје, 2007

5. Кралев, Т., Вагабонти, криминалци и клетници, Студентски збор, Скопје, 2005

6. Gidens, E., Sociologija, CID, Podgorica, 2001