С204З/18: Социологија на образованието
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Социологија | II | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Зоран Матевски, д–р Татјана Стојаноска Иванова
Цели на предметната програма:
Студентите да стекнат знаење за социологијата на образованието како посебна социолошка дисциплина; да се развие критичкото мислење кај нив и да можат да се занимаваат со истражување на образовните феномени.
Содржина на предметната програма:
Предмет и проблеми на проучување на социологијата на образование; односите на социологијата на образование со другите сродни дисциплини; дефинирање на образованието; функции и различни пристапи кон образованието; основните теориски ориентации во социологијата на образованието; глобалното општество и образованието; општествената стратификација и образованието; проблемите на еднаквоста на образовните шанси; општеството, вредностите и образованието; институционалните рамки на образованието; образованието и културата; образованието и контракултурното однесување; образованието и творештвото; образованието и професионалните улоги; образованието и религијата; општествените противречности во образованието; социјализацијата и образованието; образованието и компјутерите.
Литература:
1. Жоглев Златко, Социологија на образованието, Педагошки факултет, Битола, 2002
2. Георгиевски Петре, Социологија на образованието, Филозофски факултет, Скопје, 1999
3. Тимовски Владо, Образованието и религијата, Феникс, Скопје, 2005