С102З/18: Културна антропологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
СоциологијаI3+26

Наставник:

Цели на предметната програма:

Основната цел на предметната програма е да ги запознае студентите со главните антрополошки теоретски пристапи во истражувањето, односно насоки на антрополошката мисла, и да презентира доволно сознанија од проучувањето на културата и општествата на повеќе страни во светот, за тоа како тие функционираат, кои се нивните вредности, културни системи, едноставно да се согледа различноста. Тоа, без сомнение ќе предизвика подлабоко запознавање и на сопствената култура, ќе го проблематизира сопствениот став за културата на која се припаѓа. Целта е студентите да допрат до сложеноста на човековото општество и култура низ историјата, но и денес, кога светот е соочен со процесите на глобализација и напуштање на традиционалите вредности. Со тоа се зголемуваат шансите да се надмине етноцетнтризмот, и да се зголеми степенот на толеранција, запознавајќи ги другите кои се различни од нас, низ запознавање на различноста во светот во кој живееме.

Содржина на предметната програма:

1. Антрополошкиот пристап во проучување на културата.

2. Антрополошки теории

3. Методи во антрополошките истражувања

4. Култура: поим и карактеристики.

5. Биолошка и културна адаптација.

6. Економија и култура: егзистенција и начин на живот

7. Јазик и комуникација.

8. Мит. Легенди.

9. Игра. Уметност. Музика.

11. Поглед на свет. Религија

12. Културата и поединецот.

13. Општеството и социјалниот живот

14. Брак и семеjство

15. Групирање по пол,возраст, класи и интереси.

16. Политика. Вовед.

17. Културата во светот кој се глобализира: зошто и како се менува културата во модерниот свет.

Литература:

1. Илија Ацески, Културна антропологија, Филозофски факултет, 2015

2. Мајкл Алан Парк, Вовед во антропологија, интегриран пристап, Арс Ламина, 2012

3. Е. А. Шулц и Р. Х. Лавенда, Културна антропологија на човештвото, Просветно дело, 2009

4. В. А. Хавиленд, Харалд Е. Л. Принс, Д. Волрат, Б. Мекбрајт, Антропологија – Предизвикот, Арс Ламина, 2016

5. Младеновски, Г., Антропологија, Аз-Буки, 2005

6. Петковска, А., Есеи од социологија на културата, Аз-Буки, 2003