ИА805И/18: Историја на Најновиот век 2

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаVIII2+15

Наставник:

Цели на предметната програма:

Општ пристап насочен кон совладување и стекнување на конкретни знаења и запознавање со политичките, гео-политичките, гео-стратешките, дипломатските, воените, економските, техничко-технолошките, културните и другите аспекти од европската и светската историја, што е во корелација со констелацијата на меѓународните односи во Европа и светот во периодот по 1945 година. Разјаснување и разбирање на улогата, значењето или претставата за т.н. „голема слика“ во меѓународната политика и нејзиното влијание врз историските случувања, процеси, појави, настани и личности во Европа и светот во периодот на Студената војна, како и по нејзиното завршување до денес.

Содржина на предметната програма:

Крајот на Втората светска војна – меѓународната дипломатија и политика повторно на сцена: нов почеток и креирање на нов меѓународен поредок; Европа и светот непосредно по Втората светска војна – почеток на Студената војна: нова политичка карта Европа и светот, ера на биполарниот/блоковски систем; Европа и светот до крајот на 40-тите од XX век – кризите и тензиите продолжуваат; Европа и светот во текот на 50-тите од XX век – натпревар за престиж, доминација и влијание на двете супер сили (САД и СССР) насекаде низ светот; Европа и светот во 60-тите години – кулминација на тензиите: Европа и светот соочени со нова нуклеарна катаклизма; Деколонизација и антиколонијална борба – инфлација од нови држави во светот; Меѓународните организации и институции – нови и влијателни субјекти во современите меѓународни односи; Развој на новата технологија и други општествени појави – трката и натпреварот меѓу двете супер сили на секое поле добива епски размери; Европа и светот во 70-тите години од XX-тиот век – Детант: конечно смирување на тензиите, консолидација на западот кон нова и обединета Европа наспроти стагнација и застој на истокот; Европа и светот во првата половина на 80-тите години од XX-тиот век – обновување на тензиите и почеток на Втората студена војна; Крајот на Студената војна – последните години: 1985-1991 година: пад на комунизмот; Европа и светот по Студената војна, во текот на 90-тите години и почетокот на XXI век: распаѓање на еден меѓународен поредок и отсуство од креирање на нов меѓународен систем, интеграција на западот, дезинтеграција и транзиција на истокот; Новиот светски поредок – мит или реалност: светот и човештвото пред нова неизвесност, предизвици, перспективи, проекции и искушенија?

Литература:

1. Џозеф С. Нај, Помладиот, Разбирање на меѓународните конфликти, Академски печат, Скопје, 2008

2. Плантаџенет Сомерсет Фрај, Историја на светот (стр. 334-381), Просветно дело, Скопје, 2001

3. Алан Бринкли, Историја на САД: недовршена нација (стр. 633-805), Штрк, Скопје, 1999

4. Henri Kisindžer, Diplomatija, Tom II, Verzal press, Beograd, 1999

5. Џон Луис Гедис, Хладни рат, Clio, Београд, 2003

6. Лакер Волтер, Историја Европе (1945-1992), Clio, Београд, 1999

7. Рој А. Медведев и Жорес А. Медведев, Хрушчов на чело на СССР, Арс Либрис, Скопје, 2015

8. Малколм Андерсон, Државите и национализмот во Европа по 1945 година, Арс Студио, Скопје, 2014

9. Филип Џенкинс, Историја на САД (стр. 216-308), Арс студио, Скопје, 2015

10. Маргарита Пешевска, Меѓународните односи по Втората светска војна, Менора, Скопје, 2008

11. Маргарита Пешевска, Светот во транзиција, Менора, Скопје, 2002

12. Антонело Бијаџини, Историја на современа Турција (стр. 110-160), Арс студио, Скопје, 2015

13. Пол Р. Виоти и Марк В. Каули, Меѓународни односи и светска политика, Академски печат, Скопје, 2009

14. Џон Бејлс, Стив Смит и Патриша Овенс, Глобализација на светската политика, Табернакул, Скопје, 2009