ИА504З/18: Македонија во Османскиот период 1

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Историја со архивистикаV3+25

Наставник: д–р Ванчо Ѓорѓиев

Цели на предметната програма:

Да се стекнат со продлабочени и научно засновани сознанија за општествено–економските, политичките, демографските и културните процеси и промени, за формите на отпор против османската власт, појавата на граѓанското општество; зачетоците на преродбата.

Содржина на предметната програма:

Воспоставување на османлиската власт во Македонија; административно уредување; воведување на тимарско–спахискиот систем; демографски промени; даночен систем; исламизација; стопанство; форми на отпор; буни и востанија; миграциони движења; Охридска архиепископија; културните прилики; криза на тимарско– спахискиот систем; феудална анархија; појава на граѓанското општество; продор на странскиот капитал; преродбенското движење; црковно–училишни прилики.

Литература:

1. Група автори, Историја на македонскиот народ т.2 – т.3, ИНИ, Скопје, 1998, 2003

2. Група автори, Историја на македонскиот народ т.2, ИНИ, Скопје, 1969

3. Александар Матковски, Отпорот во Македонија т. 1-4, Мисла, Скопје, 1983

4. Александар Стојановски, Македонија во турското средновековие, Култура, Скопје, 1989

5. Група автори, Востанијата во Македонија, Филозофски факултет, Скопје, 2015

6. Љубен Лапе, Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, дел I (стр. 181-376); дел II (стр. 7-186), Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1975-1976