ИА103З/18: Aрхивско законодавство
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Историја со архивистика | I | 3+2 | 6 |
Наставник:
Цели на предметната програма:
Да се добијат научни и продлабочени сознанија за архивското право, правните норми и нормативни акти, како и со облиците и принципите на правниот систем. Да се стекнат знаења за правните норми и архивското законодавство во Македонија после 1945 година.
Содржина на предметната програма:
Правни норми и нормативни акти. Општи акти на правниот систем на Република Македонија. Облици и принципи на правниот систем. Генеза и развој на архивското законодавство. Генеза на архивското законодавство во Македонија од 1945 до 1990 година. Компаративна анализа на меѓународното и националните архивски законодавства, нивните состојби, трендови и перспективи. Препораки на меѓународниот архивски совет во врска со архивското законодавство.
Литература:
1. Д. Бајалџиев, М. Мицајков, Д. Танасков, Вовед во правото, 1999
2. Прописи на архивското законодавство на НРМ и СРМ, Службен весник на НРМ и СРМ 1944-1991
3. Закон за архивски материјал, Службен весник, 2012
4. Charles Kecskemeti, Integration of Separаted Archives for the preservation of national Memory, HDA, 1999
5. Dictionary of archival terminology, 2002